| | Sitemap | EN | SQ



Патент на годината 2023

По повод 26-ти април, меѓународниот ден на интелектуална сопственост, традиционално по 30-ти пат, Државниот завод за индустриска сопственост ја организира манифестацијата “Патент на годината 2023”.

Оваа година, Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Г-дин Блерим Идризи, ја додели наградата“Патент на годината 2023”, запронајдокотнаносителот АЛКАЛОИД АД Скопје, со број на пријава П-2023/418 од 15/09/2023 година, сонаслов "ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМУЛАЦИЈА КОЈА СОДРЖИ БЕНЗИМИДАЗОЛ ", од пронајдувачите :KRSTESKA Ljiljana, KAZANDZIEVSKA Elena, WILLIS Andrew.

Пронајдокот се однесува н амедицинск аподготовка на медицински ипроизводи кои имаат посебна физичка форма и се користат при третман н ажелудочни проблеми, особено кај мали дечиња.

Овој пат креативноста и творечкиот потенцијал на нашите пронајдувачи беа насочени кон изнаоѓање на нови медицински решенија и отидоа чекор понатаму со тоа што поднесоа директна регионална пријава на патент пред Европскиот Патентен Завод каде што добија европски патент EP3965735.
На овој настан се врачија и наградите на македонските пронајдувачи кои ги добија на меѓунардните изложби на пронајдоци.

Овие активности се организираат од Заводот со цел да се афирмира улогата на индустриска сопственост во поттикнување на создавање на иновации и креативни творби.

Исто така по повод на прославувањето на денот на интелектуална сопственост беше одржан и вебинарот на тема “Придобивките и начинот на користење на FRONT OFFICE-от ”, на 23 април 2024 година.

26.04.2024


Галерија на слики