Директорот на ДЗИС, Ељјеса Незири беше пречекан од страна на г-дин Авди Красниќи, директор на Агенцијата за индустриска сопственост во Приштина. Ова е прва средба на г-дин Незири со неговиот колега од Косово и г-ѓа Мариа Солис Капедани, генерален директор за индустриска сопственост на Р. Албанија.
Целта на состанокот беше да се запознаат со неодамнешните активности на трите заводи за индустриска сопственост, да се продолжи и зајакне соработката меѓу нив.
"Ние сме многу задоволни со резултатите постигнати од досегашната соработка со колегите од Косово и Албанија и истакнувам дека истите нема да изостанат и во наредните години", нагласи г-дин Незири.