Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) објавува Повик за поднесување пријави за Глобалните награди на СОИС за 2025 година (2025 WIPO Global Awards), за мали бизниси и стартап компании кои користат интелектуална сопственост.
Компаниите од сите деловни сектори, кои ги исполнуваат критериумите за аплицирање, може да поднесат пријава/апликација во периодот од 15 јануари до 31 март 2025 година.
Оваа година, на конкурсот се покануваат да се пријават стартап компании, заедно со малите и средни претпријатија од целиот свет, кои се активни во сите сектори на економијата, како што се, технологија, земјоделство, креативни индустрии или пошироко, кои применуваат било која област, односно право од интелектуалната сопственост, како што се авторското право и сродните права, трговските марки, патентите и географските ознаки.
Секој добитник ќе добие и приспособена програма за менторство фокусирана на зајакнување на употребата на интелектуалната сопственост, следење нови деловни цели и пристап до финансиски ресурси за понатамошен развој и придонес.
Независното жири ќе избере група до 10 добитници. Секој од нив ќе добие покана да присуствува на церемонијата на доделување награди за време на Генералното собрание на СОИС во јули 2025 во Женева, Швајцарија.
Добитниците ќе бидат објавени во јули 2025 година.
За подетални информации погледнете го линкот подолу:
https://www.wipo.int/en/web/awards/global/how-to-apply