| | Sitemap | EN | SQ



СООПШТЕНИЕ

Врз основа на членовите 279 и 280 од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/09 и 24/2011) и членовите 2 и 3 од Правилникот за стручниот испит за застапници за индустриска сопственост и за регистарот на застапници (“Службен весник на Република Македонија” бр.92/09) Државниот завод за индустриска сопственост на 19.12.2012 година организира полагање стручен испит за застапници за индустриска сопственост.

Во врска со испитот ќе се одржат предавања во траење од пет работни денови и тоа од 19.11.2012 до 23.11.2012 година од 17.00 до 20.00 часот, во седиштето на Заводот.

13.11.2012