| | Sitemap | EN | SQ



Извештај од претставувањето на РМ на Меѓународната изложба на “Идеи-Пронајдоци-Нови Производи” IENA 2012, Нирнберг

Извештај од шретставувањето на Република Македонија на Меѓународната изложба на

“Идеи-Пронајдоци-Нови Производи”
IENA 2012, Нирнберг, Германија
(01 -04 ноември 2012)


Делегацијата од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија во состав: г-дин Јетмир Шабани, раководител на одделението за патенти и г-ѓа Ирена Данева, раководител на одделението за технолошко набљудување и промоција, учествуваше на меѓународната изложба на идеи-пронајдоци-нови производи-IENA2012 година, која се одржа од 01 до 04 ноември, во Нирнберг, Германија. На изложбата учество зедоа над 34 земји, кои се претставија со повеќе од750 пронајдоци. 

Република Македонија, со цел да го промовира македонското пронаоѓаштво во меѓународни рамки учествуваше на овој меѓународно признат саем. На изложбата беа презентирани пет пронајдоци при што уште еднаш се потврди дека пронајдоците од македонските пронајдувачи кои се предмет на заштита со правата од индустриска сопственост се вредни за комерцијализација и трансвер на технологии на национално и меѓународно ниво. 

Македонскиот штанд привлече големо влијание не само на Меѓународното жири туку и на останатите учесници на саемот како и на посетителите. 



Свеченото доделување на наградите на IENA2012 се одржа на 03 ноември 2012година. 

Стручното меѓународно жири ги додели следниве награди:


ЗЛАТЕН МЕДАЛ – на пронајдувачот Стојче Смилески, за пронајдокот “ИНТЕГРИРАНА СОПИРАЧКА ЗА ВРТЛИВИ ПОДВОЗКИ”.


СРЕБРЕН МЕДАЛ – на пронајдувачот Јоти Поповски, за пронајдокот “АНАЕРОБНА ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА СО БИОФИЛТРАЦИЈА”.


БРОНЗЕН МЕДАЛ – на пронајдувачите Јакуп Кадриу и Арбен Зибери за пронајдокот “ПРЕПАРАТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ИНСЕКТОТ – БЛАТИДА ГЕРМАНИКА” и

БРОНЗЕН МЕДАЛ – на пронајдувачот Жаклина Стамболиска за пронајдокот “МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРО ВРТЕЧКИ МАШИНИ”.

Исто така беа доделени и следниве специјални награди:

-ПЛАКЕТА со диплома од Министерството за образование, истражување, млади и спорт на Романија на пронајдувачoт Стојче Смилески, за пронајдокот “ИНТЕГРИРАНА СОПИРАЧКА ЗА ВРТЛИВИ ПОДВОЗКИ”.

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка на пронајдувачот Стојче Смилески, за пронајдокот “ИНТЕГРИРАНА СОПИРАЧКА ЗА ВРТЛИВИ ПОДВОЗКИ”.

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Руската асоцијација за меѓународна научна и техничка соработка на пронајдувачите Јакуп Кадриу и Арбен Зибери, за пронајдокот “ПРЕПАРАТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ИНСЕКТОТ – БЛАТИДА ГЕРМАНИКА”.

-ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома од Друштвото за пронајдоци и дизајн на Малезијана пронајдувачот Јоти Поповски, за пронајдокот “АНАЕРОБНА ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА СО БИОФИЛТРАЦИЈА”.

-ПЛАКЕТА со диплома од Сојузот на пронајдувачи на Унгарија на пронајдувачотЖаклина Стамболиска, за пронајдокот “МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРО ВРТЕЧКИ МАШИНИ”.

СЕРТИФИКАТ за придонес во пронаоѓаштвото од Здружението на жени пронајдувачи НОВА од Босна и Херцеговина на пронајдувачот Жаклина Стамболиска, за пронајдокот “МЕТОДА ЗА ПРОАКТИВНО СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА СПОРО ВРТЕЧКИ МАШИНИ” и

-БРОНЗЕНА АРКА со диплома од Здружението на пронајдувачи на Хрватска на пронајдувачот: Влатко Здравковски за пронајдокот ”ЕДНОФАЗЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ИСПРАВУВАЧ ЗА НАПОН 12v И СТРУЈА 5А”. 


04/11/2012
Нирнберг, Германија

06.11.2012