| | Sitemap | EN | SQ



СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 279 и 280 од Законот за индустриска сопственост („Слушбен весник на Република Македонија„ бр.21/09 и 24/11) и членовите 2 и 3 од Правилникот за стручниот испит за застапници за индустриска соптвеност и за регистарот на застапници („Службен весник на Република Македонија„ бр.92/90) Држваниот завод за индустриска сопственост на 29.11.2012 година организира полагања стручен испит за застапници за индустриска сопственост.
Во врска со ипситот ќе се одржат предавања во траење од пед рабтни денови и тоа од 05.11.2012 до 09.11.2012 година од 17.00 до 20.00 часот, во седиштето на Заводот.
Стучниот испит за застапници за индустриска сопственост може да го полага физичко лице со завршен правен факултет, еден од техничките факултети и фармацевтски факултет и платени трошоци за полагање на испитот во износ од 6.250,00 денари, согласно Тарифната ставка 7.1 од Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост („Слушбен весник на Република Македонија„ бр.115/07) и тоа: назив на примачот - Државниот завод за индустриска сопственост - НБРМ, сметка 100000000063095; сметка на буџетски корисник 1100200213 787 13; приходна сметка 724149 20; начин 1.
Лицата што се заинтересирани за полагање на испитот, потребно е да поднесат писмена пријава до Заводот најдоцна до 29.10.2012 година.
Пријавата за испит треба да содржи:

  1. податоци за кандидатот: име, презиме, адреса, телефон, факс, е-маил;
  2. доказ за стручна подготовка (заверена копија);
  3. доказ за платени трошоци за испитот (оригинал)


За соодветен доказ за стручна подготовка се смета универзитетска диплома од циклус 240 ЕКТЦ-кредити или соодветна диплома од четригодишни студии издадена од Република Македонија односно нострифицирана диплома од странство.

 

22.10.2012