| | Sitemap | EN | SQ



Пронајдоци од Република Македонија на Меѓународната изложба

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија учествуваше на Меѓународната изложба “Иновации од жени пронајдувачи”, која се одржа од 3 до 6 мај во Сеул, Јужна Кореја. На изложбата учество зедоа 25 земји, 157 жени пронајдувачи кои се претставија со 259 пронајдоци.

Република Македонија оваа година се претстави со два пронајдока од областа на фармацијата и медицината. Пронајдоците на изложбата беа вреднувани од Стручната комисија на KIWIE 2012, составена од членови, експерти од различни области на науката и техниката како и со специјални награди од други учесници.

Стручната комисија за презентираните македонски пронајдоци ги додели следните награди:

1. ЗЛАТЕН МЕДАЛ со диплома за пронајдокот “МАСТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ИЗГОРЕНИЦИ” за пронајдокот на Наташа Николоска
2. БРОНЗЕН МЕДАЛ со диплома, за пронајдокот “ПОСТПОРОДИЛНА ДОЛНА ОБЛЕКА“ добија Татјана Гуржанова–Милева и Јасна Петков-Стојановиќ.
За време на свеченото доделување на наградите беа доделени и специјални награди за најдобар пронајдок KIWIE 2012.

Специјални награди беа доделени за пронајдокот:
1. “МАСТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ИЗГОРЕНИЦИ” на пронајдувачот Наташа Николоска и тоа, златен медал со Диплома од Руската асоцијација за мегународна и технолошка соработка.
2. “МАСТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ИЗГОРЕНИЦИ” на пронајдувачот Наташа Николоска доби Диплома за најдобар пронакдок од претседателот на Првиот институт за пронајдуваштво и испитување на Иран

(FIRI); 3.“ПОСТПОРОДИЛНА ДОЛНА ОБЛЕКА“ на пронајдувачите Татјана Гуржанова –Милева и Јасна Петков-Стојановиќ, доби бронзен медал со диплома од Полската асоцијација на пронајдувачи.
Македонскиот штанд привлече големо влијание не само на Меѓунродното жири туку и на останатите учесници на саемот, како и на посетителите. Штандот го посетија и директори на заводите за интелектуална сопственост на Тајланд, Полска, Кореја, професори и научници од различни земји како и други бизнис интересенти.

07.05.2012