Координативното тело за интелектуална сопственост за периодот декември 2011-февруари 2012 спроведе четири координирани акции врз 28 правни лица. Во овие акции одземени се вкупно 83 предмети со кои се повредени авторските права и сродните права (11 компјутери кои користат нелиценциран софтвер, 72 ресивери), 226 парчиња текстил и 320 метри корнизи. Од страна на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат поднесени 10 кривични пријави.
Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе 5 барања за поведување на прекршочна постапка и 1 платен налог за плаќање на глоба. Управата за јавни приходи издаде 9 талона за уплата на глоба и 1 привремена забрана за вршење на дејност. Министерството за култура издаде 2 платни налога за плаќање на глоба и 1 решенија со наредба за отстранување на записнички недостатоци во рок од 30 дена. Координираните акции се спроведени во Тетово, Кочани и две во Скопје.
Град |
Субјекти |
Одземени предмети |
Издадени талони за уплата на глоба од страна на УЈП |
Поднесени пријави |
Привремена забрана за вршење на дејност |
|
Физички лица |
Правни лица |
Авторско право и сродни права |
Права од индустриска сопственост |
Прекршочни барања |
Кривични пријави |
Тетово |
|
10
|
64
|
226
|
4
|
2
|
7
|
|
Кочани |
|
10
|
9
|
|
5
|
1
|
2
|
1
|
Скопје |
|
5
|
|
320 м. корнизи
|
2
|
1
|
|
|
Скопје |
|
3
|
10
|
|
1
|
1
|
1
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Вкупно |
|
28
|
83
|
226+320 м.
|
12
|
5
|
10
|
1
|