| | Sitemap | EN | SQ



Активности на КТИС за период септември-ноември 2011 година

Координативното тело за интелектуална сопственост за периодот септември-ноември 2011 спроведе шест координирани акции врз 45 правни и 4 физички лица. Во овие акции одземени се вкупно 213 предмети со кои се повредени авторските права и сродните права (8 компјутери кои користат нелиценциран софтвер, 32 ресивери и 173 ЦДа и ДВДа) и 332 предмети со кои се повредени правта од индустриска сопственост (292 парчиња очила, 17 парчиња текстил, 17 чанти, 3 паричника и 3 комплети ланче и обетки).

Од страна на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат поднесени 9 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе 5 барања за поведување на прекршочна казна. Управата за јавни приходи издаде 16 талона за уплата на глоба во износ од по 1000 евра во денарска против вредност за правното лице и 500 евра во денарска против вредност за одговорното лице кај правното лице. Министерството за култура донесе 2 решенија со наредба за отстранување на записнички недостатоци во рок од 30 дена. Координираните акции се спроведени во Охрид, Куманово, Струмица и три во Скопје.

 

Град Субјекти Одземени предмети Издадени талони за уплата на глоба од страна на УЈП Поднесени пријави
  Физички 
лица
Правни 
лица
Авторско право и сродни права Права од индустриска сопственост   Прекршочни барања Кривични пријави
Скопје
1
4
173
       
Скопје  
7
3
 
5
 
3
Охрид
3
7
6
292
6
3
2
Куманово  
14
   
3
   
Струмица  
10
31
     
4
Скопје      
40
2
2
 
               
Вкупно
4
45
213
332
16
5
9

 

15.12.2011