| | Sitemap | EN | SQ



Собранието на РM на десеттата седница, одржана на 26.09.2011 година, го донесе Законот за ратификација на Договорот

На десеттата седница, одржана на 26.09.2011 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за ратификација на Договорот за примена на членот 65 од Европската патентна конвенција - Лондонски договор.
Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.132/2011.

Лондонскиот договор, кој е склучен во Лондон на 17 октомври 2000 година, е резултат на работата за намалување на трошоците за превод на европските патенти.

Преку Лондонскиот  договор договорните страни се обврзуваат да се откажат, целосно или во голема мера, од барањето за превод на европските патенти што треба да се поднесат на нивниот национален јазик.

Тоа, во пракса, значи дека со новиот јазичен режим патентните барања секогаш се достапни на официјалниот јазик на државата во која европскиот патент е регистриран (во конкретниот случај на македонски јазик), додека превод на патентните списи не е потребен (освен во случај на спор во врска со европскиот патент).

04.10.2011