| | Sitemap | EN | SQ



Информација за уништување на предмети

Информација за уништување на предмети


На 12.12.2014 година на Депонијата Дрисла беше извршено петнаесеттото јавно уништување на одземените производи со кои беа повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година.

Предмет на уништувањето беа одземените производи при координирани акции на Координативното тело за интелектуална сопственост кои се одземени од овластени лица на соодветните надлежни институции и за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки од страна на надлежните судови.

Во текот на ништењето беа уништени 600 ЦД и ДВД, 600 л.Коњак (Damarion,Kingdom, Cognaк), 600 кутии лекови и инекции, 13 вреќи текстил и 10737 парчиња фалсификувана стока ( додатоци за автомобили Audi-2031, додатоци за мобилен Audi,Louis vitton,Lexus,Apple,Beats-1803, козметички производи-2, модни додатоци Adidas,Puma Chanel-2327, обувки Converse,All star,Massimo dutti-317, плински решоа Luxel –184, спортска опрема Adidas,Puma- 1070, текстил Nike,Converse,Polo,Adidas- 3003).

09.01.2015