| | Sitemap | EN | SQ
Кој може да пријави индустриски дизајн

Субјекти на правата од индустриска сопственост се домашни и странски правни и физички лица.

Постапка за стекнување на правото на индустриски дизајн, може да поведе авторот или неговиот правен следбеник.

Ако дизајнот е креација на повеќе автори тогаш правото на поведување постапка имаат сите автори или нивните правни следбеници.

Автор е физичко лице кое го создало дизајнот со својот креативен труд.
Не се смета за автор оној кој во создавањето на дизајнот пружал само техничка помош.
Правен следбеник на авторот е правно или физичко лице чие стекнување на правото на индустриски дизајн се темели врз закон, правна работа, наследување и судска одлука.

Работодавачот се смета за правен следбеник на авторот кога врз основа на закон, или договор за работа му припаѓа правото на стекнување на индустрискиот дизајн создаден во рамките на работниот однос на авторот.

 

Објавено на 02.09.2013