| | Sitemap | EN | SQ
Меѓународна заштита

Носителот на индустрискиот дизајн, односно подносителот на пријавата за признавање на индустрискиот дизајн, може да поднесе пријава за меѓународна регистрација на индустриски дизајн согласно Хашкиот договор за меѓународна регистрација на индустриски дизајн.

Постапката за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн, согласно со одредбите од Хашкиот договор за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн, се поведува со поднесување пријава за меѓународно регистрирање на индустриски дизајн директно до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост, со седиште во Женева.

 

Објавено на 02.09.2013