| | Sitemap | EN | SQ



Постапка на испитување и признавање на трговска марка

По приемот на пријавата, доколку пријавата ги содржи задолжителните состојки, Заводот го известува подносителот дека на пријавата и се утврдува датумот на поднесување и пријавата се запишува во регистарот на пријави на трговски марки. Доколку пријавата е уредна, односно доколку ги содржи сите состојки и прилози предвидени во Законот и Правилникот, Заводот испитува дали се исполнети условите за признавање на правото.

Доколку пријавата ги исполнува со закон предвидените услови и доколку се платени соодветните трошоци, пријавата се објавува во службеното гласило на Заводот.

Во рок од три месеци од денот на објавувањето, против пријавата на трговска марка може да се поднесе приговор. Во членот 142 став 1 точка 1- 6 од Законот, таксативно се наведени лицата кои може да поднесат приговор против објавената пријава.

По истекот на рокот за приговор, доколку приговор не е поднесен, по плаќање на предвидените такси и трошоци за стекнување и одржување на правото во важност, Заводот донесува решение за признавање на правото на трговска марка.

Признаеното право се запишува во регистарот на трговски марки и се објавува во службеното гласило на Заводот.
На носителот на правото на трговска марка, Заводот му издава исправа најдоцна во рок од шест месеци од датумот на донесувањето на решението за признавање на правото на трговска марка.

 

Објавено на 01.09.2013 00:00:00