| | Sitemap | EN | SQ



Кој може да пријави трговска марка

Постапка за стекнување на право на трговска марка може да поведе домашно и странско правно и физичко лице.
Странските физички и правни лица уживаат еднакви права како и државјаните на Република Македонија или правните лица со седиште во Република Македонија, ако тоа произлегува од одредбите на меѓународните договори кои ја обврзуваат Република Македонија, или од примена на начелото на взаемност.

Како странско правно лице се смета лице со седиште во друга држава, а странски државјанин е она лице кое нема државјанство на Република Македонија.

Домашните правни и физички лица можат сами непосредно да ги превземаат сите дејствија пред Заводот, во врска со заштита на своето право, но можат своите права да ги остваруваат и преку овластени лица т.е. полномошник кој е домашно правно или физичко лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственот.
Ангажирањето на застапник за домашни припадници не е задолжително.

Странските правни и физички лица, ги остваруваат правата од индустриска сопственост па и правото на марка преку полномошник кој е домашно правно или физичко лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост.

 

Објавено на 02.09.2013 00:00:00