| | Sitemap | EN | SQ



Што е трговска марка

Со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е подобен за разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките или услугите на друг учесник во прометот.

Со трговска марка се штитат знаци подобни за разликување како што се: зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми, вклучително и форми на стоките или нивните пакувања, како и комбинациите на сите напред наведени знаци.

Зборовите и буквите може да се напишат на било кој јазик и со било кое писмо.

 

Превземи

Објавено на 02.09.2013 00:00:00